Новак Ѓоковиќ победи на УС Опен и ја освои 24-тата Грен слем титула во својата кариера.
Најдобриот светски тенисер го надигра Данил Медведев и подигна уште еден значаен трофеј.
На стадионот „Артур Еш“, 36-годишниот Србин доби прегратки и честитки од најблиските, меѓу кои беа и неговата сопруга Јелена и двете деца, Тара и Стефан.
Novak's daughter approves! pic.twitter.com/AltVxc4AfR
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023
И актерот Метју Меконахи и неговата сопруга сопруга Камила навиваа за Ноле.
Ѓоковиќ му оддаде почит на својот пријател Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година. Тој облече специјална маичка со нивна заедничка фотографија и број 24. На неа пишуваше: „Мамба засекогаш“.
Брајант го носеше бројот 24 во Лос Анџелес Лејкерс.