Новак и Јелена Ѓоковиќ го добија своето второ дете. Српскиот тенисер и неговата избраничка ѝ посакаа добредојде на малата ќеркичка, која го доби името Тара.
Среќната вест ја потврди Дијана Ѓоковиќ, мајката на 30-годишниот спортист. Таа изјавила дека мајката и бебето се во добра здравствена состојба.
Новак и Јелена стапија во брак во јули 2014 година. Парот има уште едно дете – двегодишниот син Стефан.