Шпанскиот срцекршач Енрике Иглесијас го објави својот нов сингл „I Like It“, во кој својот глас го позајми и раперот Питбул.
Инаку, само пред неколку дена се појави и првата песна на Енрике на шпански јазик по пауза од 8 години. Во шпанската „Cuando Me Enamoro“ учествува и познатиот вокалист Хуан Луис Гера.
И двете песни се доказ дека 34-годишниот пејач сè уште има со што да ги држи заинтригирани своите обожаватели.
Во моментов Енрике го подготвува својот нов албум кој треба да се појави во јули.