Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Нов албум и хуманитарен концерт во чест на Тоше

Нов албум и хуманитарен концерт во чест на Тоше

Тоше Проески

Во чест на македонскиот ангел Тоше Проески, вечерва ќе биде промовиран новиот албум „Сè уште сонувам дека сме заедно“, а утре ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Со хуманост кон светлината“.

Албумот насловен „Тоше и пријатели – Сè уште сонувам дека сме заедно“ содржи девет композиции, а промоцијата ќе се одржи во хотелот Александар Палас во 20 часот. Првата песна „Сè уште сонувам дека сме заедно“ (оригинално напишана „Још увјек сањам да смо заједно“) е досега необјавена песна, која што Тоше ја снимил уште во 2007 година. На останатите осум композиции автор на музиката е Тоше, а се во изведба на популарни ѕвезди од балканската музичка сцена.

Утревечер во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе биде одржан хуманитарниот концерт, на кој 8-те песни од новиот албум ќе бидат изведени од Калиопи, Елена Ристеска, Аки Рахимовски, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Јелена Томашевиќ, Борис Новковиќ и Бојан Маровиќ. Премиерно ќе биде изведена песната „Сè уште сонувам дека сме заедно“, а ќе бидат промовирани и видео изданијата за песните „Guilty“ и „Forever in a Day“. Водители на настанот ќе бидат Игор Џамбазов, Далибор Петко, Милан Калениќ и Дражен Бауковиќ. На сцената ќе биде оркестарот на МОБ и бендот на Тоше.

Собраните средства од концертот ќе бидат наменети за осветлување на манастирот „Свето Преображение“ во Крушево, каде што Тоше го пронаоѓаше својот духовен мир.

Билетите за концертот се веќе распродадени. Поради големиот интерес за следење на настанот, на плоштадот Македонија ќе биде поставен видео-екран од 45 метри квадратни, преку кој што обожавателите кои не дошле до билет, ќе можат да го следат концертот во живо. Сите оние кои не се во можност да присуствуваат, можат да го гледаат телевизискиот пренос на Сител од 20 часот.

И двата настани се по повод 29 години од раѓањето на неповторливиот Тоше Проески, кој што никогаш нема да биде заборавен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19697 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.