Изминаа 11 години од смртта на незаборавниот Тоше Проески. На денот кога македонскиот ангел го напушти овој свет, неговите најблиски со огромна тага се присетуваат на неговиот живот и сè она што тој го остави зад себе.
Кристијан Ристески, внукот на Тоше, сподели три фотографии за да му оддаде почит на овој горчлив ден.
Тоше и Кристијан заедно ја снимија „My Little One“.
Талентираното момче љубовта кон музиката несомнено ја наследи од нашата ѕвезда со ангелски глас.
Пред неколку години, Кристијан имаше изјавено: „Вујче Тоше ме зарази со музика“, па своето образование тој го продолжи на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје, на отсек интерпретација на популарна музика и музичка продукција.