Никол Ричи и Џоел Меден вчера го кажаа судбоносното „да“ на интимна церемонија која се одржа на имотот на славниот татко на невестата, Лајонел Ричи.
Оваа свадба и не беше некое изненадување. Сите очекуваа да се случи и многу порано, затоа што Никол и Џоел се заедно веќе 4 години и имаат две деца, Харлоу и Спероу.
Свадбената церемонија се одржала под два големи шатори поставени на имотот на Лајонел Ричи во Беверли Хилс, а присуствувале 130 гости. Според анонимни извори, свадбата била екстравагантна, но сепак интимна и зрачела стар холивудски гламур.
На свадбата присуствувале многу славни гости меѓу кои Гвен Стефани со својот сопруг, Саманта Ронсон, Крис Џенер и Квинси Џонс. Најверојатно кум на свадбата бил Бенџи Меден, близнакот на младоженецот.
Никол носела рачно изработена венчаница на Marchesa која чинела 20 000 долари, а бурмите биле изработени од Нил Лејн, кој го создал и свршеничкиот прстен на Никол.
Никол и Џоел ја започнаа врската во 2006г., а во февруари оваа година ја објавија и својата свршувачка.