Никол Ричи кон својот бренд House of Harlow 1960 додаде и линија чанти. Колекцијата вклучува чанти во различен стил и може да се најдат и кежуал и поформални модели.
„Чантите отсекогаш биле дел од равенката, уште од моментот кога го лансиравме брендот House of Harlow 1960. Само моравме прво да се осигуриме дека сите други компоненти се на своето место пред да стапнеме во оваа категорија“ – изјавила Ричи.
„Кога дизајнирам, секогаш се обидувам да дизајнирам парчиња кои се универзални, што значи секој да може да ги носи“ – дополнила 29-годишната дизајнерка.
Чантите се вклучени во есенската колекција модни додатоци на House of Harlow 1960.
Никол е меѓу холивудските ѕвезди кои успешно влегоа во светот на модата. За брендот House of Harlow 1960 таа во 2010 година ја доби наградата Претприемач на годината на наградите „Жена на годината“ кои се доделуваат од списанието Гламур.