Никол Кидман негува долгогодишна соработка со OMEGA. Славната актерка не го пропушти новиот настан на луксузниот бренд за часовници во Париз и беше придружувана од својата ќерка Сандеј Роуз.
За оваа пригода, дуото мајка-ќерка избра монохроматски стајлинзи.
57-годишната холивудска ѕвезда изгледаше младолико во бела дводелна креација од Валентино, додека 16-годишната девојка избра сива модна комбинација со елече.