Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се максимално посветени на тоа да го зачуваат својот приватен живот зад завесата на таинственоста. Па, беше големо изненадување што парот одлучи да ги поведе со себе двете мали ќерки на холивудски настан.
Имено, не стануваше збор за обична свеченост, туку за церемонија на која Рајан ја доби својата ѕвезда на холивудската Патека на славните.
40-годишниот актер и 29-годишната актерка позираа со малите ќерки - 2-годишната Џејмс и малото девојче чие име сè уште не е споделено со јавноста.
Блејк ја роди втората ќерка пред само два и пол месеци.
Во својот говор, Рајан му се заблагодари на целото свое семејство, а посебно на својата сопруга. „Сакам да ѝ се заблагодарам на мојата сопруга Блејк, која седи таму, која ми е сè. Ти си најдоброто нешто, најдоброто нешто кое ми се има случено, после оваа ѕвезда на Холивудската патека на славата“ – се пошегува тој.
„Ти правиш сè да е подобро, апсолутно сè во мојот живот е подобро. Ни ги даде двете најневеројатни деца коишто можев да си замислам да ги имам. Ти ме направи таткото од моите соништа кога мислев дека имам потенцијал само да бидам забавен вујко. Па, ти благодарам. Те сакам“ – додаде тој.
Рајан и Блејк стапија во брак на 9 септември 2012 година.