Момците од NSYNC повторно се обединија. Џастин Тимберлејк, Ленс Бас, Крис Киркпатрик, Џои Фатон и Џеј Си Часез се здружија на забава по повод 40. роденден на Џеј Си.
Фотографијата од мегапопуларната машка група од 90-тите Тимберлејк ја сподели на својот профил на Instagram.


Групата NSYNC беше формирана во 1995 година, а во 2002 година членовите изјавија дека се на „привремена пауза“. Распаѓањето на групата беше официјално потврдено во 2007 година.
Во текот на постоењето, групата продаде над 50 милиони албуми и со тоа се смести на осмото место на листата на машки групи со најмногу продадени албуми во историјата.


