Адел деновиве двапати беше фотографирана со сопругот во Лондон откако најави голема пауза во музичката кариера.
36-годишната пејачка проследи кошаркарски натпревар во O2 Арената заедно со Рич Пол, кој е кошаркарски агент. Таа носеше црна модна комбинација со волуменозна портокалова кошула.
Претходно, парот беше уловен за време на вечерно излегување. Адел се обидуваше да си го сокрие лицето од насобраните фоторепортери бидејќи, како што призна, воопшто не ја сака славата.
Во интервју за германското списание ZDF, таа изјави:
„Воопшто немам планови за нова музика. Сакам голема пауза по ова и мислам дека сакам да правам други креативни работи некое време“.
Паузата не е ништо ново за Адел. Последниот нејзин албум насловен „30“ излезе во 2021 година, а претходниот „25“ во 2015 година. Тоа значи дека нејзините фанови требаше да чекаат шест години за нова музика.
Во истото интервју, Адел призна дека не сака да биде славна и дека ѝ недостига анонимноста која ја имала порано.
„Ми недостига сè од пред да станам славна, мислам дека веројатно најмногу ми недостига анонимноста. Не ми се допаѓа да бидам славна. Ми се допаѓа тоа што можам да правам музика постојано, кога и да посакам и дека луѓето ја примаат и сакаат... Но, ја мразам славата и ми недостига сè од пред да се случи сето ова“ – рече Адел.
Познатата музичарка има закажани концерти до ноември, по што веројатно ќе се повлече од музичката сцена.
Адел тајно стапи во брак со Рич Пол на крајот од минатата година. Нејзиниот претходен брак со Сајмон Конеки заврши во септември 2019 година кога таа поднесе документи за развод. Тие заедно имаат едно синче.