Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не можев да ја износам ќерка ми“: По битката со ракот, Оливија Ман го доби второто дете со помош на сурогат-мајка

„Не можев да ја износам ќерка ми“: По битката со ракот, Оливија Ман го доби второто дете со помош на сурогат-мајка

Оливија Ман и Џон Малејни го добија второто дете со помош на сурогат-мајка.

44-годишната актерка минатата година водеше тешка битка со ракот на дојка, а сега конечно има за што да се радува. Нејзината ќеркичка Меј Џун Малејни се роди на 14 септември.

Оливија Ман Оливија Ман

Холивудската ѕвезда сподели фотографии од бебенцето и напиша:

„Меј Џун Малејни дојде на овој свет на 14 септември 2024 година, Годината на Змејот.“

„Имав многу длабоки емоции што не можев да ја износам мојата ќерка. Кога првпат се запознав со нашата сурогат-мајка, разговаравме како мајка со мајка. Таа ми покажа толку многу милост и разбирање, што знаев дека најдов ангел во вистинскиот живот. Зборовите не можат да ја изразат мојата благодарност што го чуваше безбедно нашето бебе 9 месеци и ни ги оствари соништата.“

„Многу сум горда на мојата мала слива, мојот мал змеј што го изоди ова патување со нас. Срцето ми експлодира.“

„Меј значи ‘слива’ на кинески јазик“.

Оливија Ман Оливија Ман

Оливија откри дека има рак сосема случајно кога си правела одредени медицински испитувања.

Оливија Ман

Минатата есен, Ман помина низ реконструктивна операција на градите, а во ноември започна со хормонска терапија за да го намали ризикот од враќање на ракот. Таа сега е во медицински индуцирана менопауза.

Оливија има уште едно детенце. Таа и комедијантот Џон Малејни го добија синот Малком во 2021 година.

Оливија Ман Оливија Ман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19760 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.