Секоја година списанието People составува листа со најубави личности на планетата, а на челната позиција речиси секогаш се наоѓа жена.
Џулија Робертс најмногу пати досега ја имала честа да ја носи оваа титула. Харизматичната актерка била прогласувана за „Најубава личност“ дури четири пати.
Првото место само трипати им припаднало на мажи, и тоа во 1996 година на Мел Гибсон, во 1997 година на Том Круз и во 1998 година на Леонардо Дикаприо.
Погледнете кои се останатите ѕвезди кои во последните 26 години биле прогласени за „најубави“ од страна на ова угледно списание:
1990 година: Мишел Фајфер

1991 година: Џулија Робертс

1992 година: Џоди Фостер

1993 година: Синди Крафорд

1994 година: Мег Рајан

1995 година: Кортни Кокс

1996 година: Мел Гибсон

1997 година: Том Круз

1998 година: Леонардо Дикаприо

1999 година: Мишел Фајфер

2000 година: Џулија Робертс

2001 година: Кетрин Зета-Џонс

2002 година: Никол Кидман

2003 година: Хали Бери

2004 година: Џенифер Анистон

2005 година: Џулија Робертс

2006 година: Анџелина Џоли

2007 година: Дру Баримор

2008 година: Кејт Хадсон

2009 година: Кристина Еплгејт

2010 година: Џулија Робертс

2011 година: Џенифер Лопез

2012 година: Бијонсе

2013 година: Гвинет Палтроу

2014 година: Лупита Нионго

2015 година: Сандра Булок

2016 година: Џенифер Анистон
