Анџелина Џоли во моментов активно го промовира новиот филм „Maria“, но нејзината работа не запира таму.
49-годишната актерка веќе има нов филмски проект, „Stitches“, на кој работи во Париз. На сетот на филмот, Џоли беше фотографирана со две од своите шест деца.
„Stitches“ го следи патувањето на американската режисерка Максин (Џоли) додека таа пристигнува на Модната недела во Париз. Таа е една од трите жени чии животи ќе се вкрстат за време на Модната недела.
Претходно, Џоли беше дел од шоуто на Џими Кимел и сподели дека ниту едно од нејзините деца не сака да биде пред камера, особено Шајло.
Анџелина има шест деца, три посвоени и три биолошки, од бракот со Бред Пит. Тие се разделија во 2016 година, а Џоли го доби старателството врз децата.