Брус Вилис го помина Денот на благодарноста со своите најмили.
Неговите ќерки Скаут и Талула споделија ретки фотографии од актерот додека тој води битка со деменцијата, а неговото здравје се влошува. 33-годишната Скаут и 30-годишната Талула нежно му се смеат, го галат и прегрнуваат 69-годишниот легендарен актер, а тој им возвраќа со насмевка.
Во рацете, Брус држи плакета со натпис: „Најдобриот татко“.
„Благодарни“ – стои во описот на фотографиите.
Брус има три возрасни ќерки од бракот со бившата Деми Мур, а сега е во брак со Ема Хеминг со која има две ќерки, 12-годишната Мејбел и 10-годишната Евелин.
Пред три недели, Ема сподели слатко видео од актерот и неговите мали ќерки.
Семејството на Вилис ја откри неговата дијагноза фронтотемпорална деменција во февруари минатата година откако тој се пензионираше од актерството поради афазија.
При челно-слепоочната деменција (frontotemporal dementia) настанува постепено и сè поголемо оштетување на челните и слепоочните резни на мозокот. Знаците на болеста честопати се јавуваат кога луѓето се на 50 или на 60-годишна возраст, а понекогаш и порано.
Има два главни вида на челнослепоочна деменција – челна (при која настануваат промени во однесувањето и во личноста на лицето) и слепоочна (при која настануваат нарушувања на говорот). Меѓутоа, овие два вида честопати се преклопуваат.