Новак Ѓоковиќ за првпат застана на насловната страница на „Вог Адриа“.
Фотосесијата со легендарниот тенисер е насловена „Најдобриот на сите времиња“, а за неа се погрижи фотографот Бранислав Симончик.
Ноле позираше во дизајнерски парчиња облека од Lacoste.
Во интервјуто за списанието, успешниот Србин беше запрашан дали се чувствува како модна икона со оваа насловна страница, а тој одговори: „Не се чувствувам како модна икона, но денес многу уживав и му благодарам на тимот на Вог што направи да се чувствувам како модна икона.“
На прашањето „Каде го чуваш првиот рекет?“, Ноле призна дека се надева дека неговите родители го чуваат. „Мојот прв рекет не е со мене, но искрено се надевам дека моите родители сè уште го чуваат. Ова е одличен потсетник, бидејќи долго време не сум размислувал за тоа“ – рече тој.