Среќните вести за Натали Портман продолжуваат да пристигнуваат додека таа живее една од највозбудливите години од својот живот.
30-годишната актерка и нејзиниот свршеник Бенџамин добија син, ексклузивно објави списанието People.
Свршувачка, Оскар, бебе... Најзначајните моменти во животот на Натали ѝ ги донесе популарниот филм „Black Swan“.
Натали и Бенџамин се запознаа на снимањето на овој филмски хит. Бенџамин Мијипје беше кореограф на филмот, а Натали ја имаше главната улога за која доби и Оскар.
Кон крајот на минатата година славната актерка и 34-годишниот танчар и кореограф објавија дека се свршиле и дека очекуваат бебе.