Џенифер Лопез во изминативе денови поминуваше многу време со ќерката на Бен Афлек, Вајолет, додека продолжуваат да се шират гласините дека бракот ѝ е во криза.
54-годишната пејачка и 18-годишната девојка беа фотографирани на додека се шетаа во Хемптонс и додека возеа велосипеди. Лопез со широка насмевка на лицето возеше пред Вајолет облечена во бело-розова комбинација.
Претходно, таа носеше црн комбинезон додека чекореше покрај Вајолет.
Џенифер и Бен ја обновија врската од пред 20 години и стапија во брак во јули 2022 година, но сега се зборува дека се разделуваат. Тие купија заедничка куќа во мај 2023 година, која сега ја продаваат. Според гласините, Бен живее во дом под наем во близина на куќата на поранешната сопруга.