Наоми Кембел со своите славни пријателки Мишел Родригез и Ејза Гонзалез се забавуваше на јахта на Ибица.
54-годишниот супермодел со својот изглед уште еднаш покажа дека годините се само обична бројка. Кембел изгледаше атрактивно во кафеаво-бели бикини додека се релаксираше, разговараше и пливаше со двете актерки.
Неодамна, Наоми откри дека кога била мала се соочувала со исмејување од другите деца поради нејзиниот изглед и дека не се чувствувала секогаш самоуверено.
„Не ми беше лесно додека растев. Бев многу слаба и многу висока за мојата возраст... Знаете, децата си измислуваат прекари. Мојот врат беше многу долг, па постојано се обидував да го спуштам вратот надолу за да не биде толку долг. Се чувствував непријатно“ – рекла таа и објаснила дека танцувањето ѝ помогнало да го прифати изгледот на нејзиното тело.
Наоми Кембел е мајка на две деца, момче и девојче, кои ги доби со сурогат-мајка.