Кога беше објавено дека Рајан Гослинг е номиниран за Оскар во категоријата Најдобар актер, фановите започнаа да шпекулираат дека поддршка за големата манифестација ќе добие од својата партнерка Ева Мендес.
Ева и Рајан се еден од паровите кои ретко се појавуваат заедно на свечености, па не е изненадување што актерот од „La La Land“ одлучи со себе да ја поведе својата постара сестра Менди.
Менди привлече големо внимание појавувајќи се во златен фустан со длабоко деколте.



Рајан не успеа да ја добие златната статуетка, но сигурно се гордее што е дел од мјузиклот „La La Land“, кој освои најмногу награди. Песната „City Of Stars“, која Гослинг ја изведува во филмот, доби награда за Најдобра оригинална песна.









Гослинг и Мендес се во врска од септември 2011 година и заедно имаат две деца – ќерките Есмералда Амада и Амада Ли.
