Сара Џесика Паркер со стил зачекори на последната вечер од Меѓународниот филмски фестивал „Red Sea“ во Џеда, Саудиска Арабија.
59-годишната актерка буквално блескаше во сјајна креација со омбре ефект од Оскар де ла Рента, која ја надополни со сандали од Џанвито Роси.
Ѕвездата од „Сексот и градот“ со насмевка ги поздравуваше присутните и позираше пред фоторепортерите.