Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Музичка магија: Харизматичната Калиопи ја распеа Битола на концерт во Хераклеа

Музичка магија: Харизматичната Калиопи ја распеа Битола на концерт во Хераклеа

Калиопи со „куферот на љубовта“ пристигна во Битола и од првата нота ја освои публиката во Градот под Пелистер.

Македонската поп-дива со незаборавен концерт остави трага во многувековната историја на археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис.

Со стари и нови хитови, популарната пејачка ги стимулираше грлата на присутните кои не одолеаја на желбата и да затанцуваат. Песни од новиот албум „Албум“, но и хитови од нејзината долгогодишна кариера како „Дали ме сакаш“, „Црно и бело“, „Месечина“, „Не ми го земај времето“ и „Дона“ се редеа глатко низ гласните аплаузи.

Во однос на модниот избор, Калиопи се потпре на едноставна елеганција со црно и бело. Нејзините комбинации беа надградени со ефектен накит со бисери од италијанскиот бренд Rue des Mille, кој кај нас можете да го најдете во Chapter 03.

Следна концертна дестинација на Калиопи на 2 август е Античкиот театар во Охрид.

Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи Калиопи

Фото: Ивона Кочов / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.