Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Му ја дадовме првата доза инсулин“: Синчето на Криси Тиген и Џон Леџенд дијагностицирано со дијабетес тип 1

„Му ја дадовме првата доза инсулин“: Синчето на Криси Тиген и Џон Леџенд дијагностицирано со дијабетес тип 1

Синчето на Криси Тиген и Џон Леџенд има дијабетес тип 1. Оваа дијагноза му била утврдена неодамна, по негова хоспитализација поради стомачна инфекција.

Славниот пар одлучи да ја сподели информацијата со јавноста откако на раката на малиот Мајлс беше забележан сензор за мерење на гликемијата. Фотографиите беа направени на Олимписките игри.

Мајлс

По бројните коментари и пораки, Криси одлучи да напише пост за да ја објасни состојбата на малото синче. Еве ја нејзината порака:

Многу од вас забележаа нешто специфично на фотографијата која ја објавив пред неколку дена – Луна, Мајлс и јас како ја бодриме Симон и тимот на САД. Мајлс ја имаше кренато раката и многу од вас ме контактираа за да ми ги кажат најубавите зборови кои некогаш ги имам видено на оваа платформа.

Го забележавте сензорот за дијабетес тип 1 и ни испративте толку многу љубов и охрабрување. Одушевена сум од љубезноста на ова општество.

Пред неколку недели, нашиот Мајлс се разболе и беше во болница со страшен случај на шигела, цревна инфекција предизвикана од бактерија во водата или храната. Многу од неговите другарчиња беа болни, бидејќи беа во истиот камп. И добро, се случува тоа. Но, лекарите знаеја дека нешто друго не е во ред со резултатите од тестовите на крвта. Оттогаш научив дека на многу деца вака им е дијагностициран дијабетес тип 1 – кога одат на болница за нешто сосема друго.

По повеќе тестирања, дознавме дека тој е во почетна фаза со доживотен Т1. Синоќа, му ја дадовме првата доза инсулин. Поинаков, нов свет за нас и ние учиме многу во текот на ова патување.

Овој пост е за да ви се заблагодарам за вашата љубезност. На Мајлс многу му помогна што знае дека и други луѓе минуваат низ истото и дека не е сам.

Мајлс

Криси и Џон се родители на 8-годишната Луна, 6-годишниот Мајлс и две бебенца кои ги добија минатата година. Едното од нив беше родено од сурогат-мајка.

Мајлс Мајлс Мајлс Мајлс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.