Како што се очекуваше Хоакин Феникс да освои Оскар за Најдобар актер, така и се очекуваше тој да го искористи времето на сцената за да упати силна порака.
45-годишниот актер и активист преку моќен говор го сврти вниманието кон големи проблеми, а на самиот крај, го цитираше неговиот прерано починат брат Ривер.
Joaquin Phoenix winning Academy Award for Best Actor a the Joker is well deserved. I’m glad to see he his return to acting where he belongs.
— Cameron Grant (@extracoolcam101) February 10, 2020
#Oscars #JoaquinPhoenix pic.twitter.com/MVM6RithGR
Исполнет сум со голема благодарност во моментов и не се чувствувам дека сум нешто повеќе од кој било од номинираните или кој било во оваа просторија, затоа што сите ја споделуваат истата љубов, љубовта кон филмот. Оваа форма на изразување ми го даде најневеројатниот живот. Не знам што би бил без тоа.
Но, сметам дека најголемиот дар кој ми го даде мене и на многу од нас тука е можноста да го користиме нашиот глас во име на оние кои немаат глас.
Размислував многу за некои вознемирувачки проблеми со кои ние колективно се соочуваме и мислам дека на моменти се чувствуваме или сме принудени да чувствуваме дека се бориме за одредени каузи. Но, јас тука гледам нешто заедничко.
Без разлика дали зборуваме за родова нееднаквост или расизам или за правата на квир лицата или правата на животните, зборуваме за борбата против неправдата. Борбата против верувањето дека една нација, една раса, еден човек, еден пол или еден вид има право да доминира, контролира, злоупотребува и експлоатира друг без да биде казнет.
Станавме луѓе кои не се поврзани со природниот свет и многу од нас сме виновни што имаме егоцентричен поглед на светот – веруваме дека сме центарот на универзумот. Одиме во природата и насилно ги крадеме ресурсите. Сметаме дека имаме право вештачки да оплодиме крава, а откако ќе роди, да ѝ го украдеме бебето и покрај тоа што нејзиниот плач од страдање е јасен. А потоа, ѝ го земаме млекото наменето за нејзиното теле и го ставаме во нашето кафе или житарки.
Се плашиме од идејата за лична промена, бидејќи мислиме дека треба да жртвуваме нешто, да се откажеме од нешто. Но, човечките суштества се многу инвентивни и креативни и имагинативни и кога користиме љубов и сочувство како водечки принципи, можеме да создаваме, развиваме и имплементираме системи на промена кои се полезни за сите суштества и за животната средина.
Сум бил никаквец во животот. Сум бил себичен. Понекогаш сум бил суров, тежок за соработка. Благодарен сум им на многу од вас во оваа просторија кои ми дадовте втора шанса. Во тие ситуации сме најдобри - кога се поткрепуваме едни со други, не се казнуваме поради минати грешки, туку си помагаме да растеме, кога се едуцираме, кога се водиме едни со други кон искупување. Тоа е најдоброто од човештвото.
Кога имаше 17 години, мојот брат го напиша ова, тој рече: „Трчај кон спасот со љубов и ќе те следи мир“. Ви благодарам.
Ривер Феникс почина во 1993 година како последица на предозирање со дрога. Имаше само 23 години.