Селин Дион со магичен камбек ги одушеви фановите на отворањето на Летните олимписки игри.
Популарната пејачка, која во изминатиов период направи пауза во кариерата поради измачувачката борба со синдром на вкочанета личност, му се врати на пеењето со изведба на Ајфеловата кула во Париз.
56-годишната дива ја отпеа „Hymne A L’Amour“ од Едит Пјаф и ги освои срцата на мултимилионската публика која ја проследи церемонијата по повод отворањето на спортскиот настан.
Видео од настапот во Париз
За спектакуларниот настап, Селин носеше фустан од високата мода на Диор.
Во новиот документарен филм „I Am: Celine Dion“, музичката ѕвезда се отвори за тешката здравствена битка која ѝ попречува да застане на сцената. „Не е тешко да направиш шоу, тешко е да откажеш шоу. Работам напорно секој ден. Но, морам да признам дека е битка. Ми недостига многу. Луѓето ми недостигаат. Ако не можам да трчам, ќе одам. Ако не можам да одам, ќе лазам. Нема да застанам“ – изјави решително таа.