Антониа Гиговска сè повеќе и повеќе ја одушевува балканската јавност. За најновиот настап во „Ѕвездичките на Пинк“ младата пејачка доби громогласен аплауз и бран комплименти.
Талентирана девојка ја изведе моќната балада „Writing's On The Wall“ од Сем Смит, а на крајот ја надвладеаја емоциите и ѝ се насолзија очите. Погледнете го нејзиниот настап:
„Ти си секогаш црешата на колачот. Мене не ми недостигаше никаков балет, бидејќи ти исполни сè со својата енергија и став на сцената. Тоа е суштината на секој пејач. Ти умееш да излезеш и со танцова група и да танцуваш и сето тоа да биде фантастично и симпатично и да биде сценско. А умееш и да застанеш и да испееш песна на начин што ќе ја исполниш сцената. Ти си оформена пејачка, оформена девојка и тоа што многу ми се допаѓа е тоа што не си претенциозна. И покрај тоа што си претенциозно и ненормално добар пејач, ти не си претенциозна во тоа што го работиш. Тоа е еден од твоите огромни квалитети“ – ѝ рече Гоца Тржан.
„Ти си шампион. Тоа е твоето животно определување, да бидеш шампион. Доби дар и сега само така оди напред. Бог те благослови“ – е дел од коментарот на Милан Станковиќ.