Лејди Гага откри дека Мајкл Полански сега ѝ е вереник.
Во разговор со францускиот премиер, Габриел Атал, 38-годишната музичарка го нарече Полански „мојот вереник“. Видеото од Париз беше споделено на социјалните мрежи од самиот Атал и брзо стана хит онлајн.
@gabriel_attal Thank you Lady Gaga for your stunning performance at the opening ceremony. It was breathtaking.
♬ son original - Gabriel Attal
Славната музичарка носеше јакна на која пишуваше „САД“ за да ги поддржи американските натпреварувачи на спортскиот настан.
Гага со 46-годишниот партнер во моментов се во Франција, каде таа настапи на церемонијата на отворањето на Олимписките игри.
Шпекулации дека Гага и Мајкл се во врска започнаа да се шират уште за Нова година во 2020 година, но парот за првпат беше фотографиран заеедно во јавност во февруари 2020 година.