Кијара Ферањи наскоро ќе заплива во брачните води. Популарната блогерка му рече ДА на својот партнер, пред илјадници сведоци.
30-годишната стилска ѕвезда го славеше својот 30. роденден во Италија и доби многу изненадувања, но најголемото беше од нејзиниот партнер Федез.
За време на својот концерт во Верона, италијанскиот пејач и рапер ја повика Кијара на сцената, ѝ испеа романтична песна, а на крајот клекна на колена и ја побара за жена.
Во рамките на настапот, Федез рече: „не ни се потребни прстени за да нè држат заедно“, но потоа продолжи со „но, за да те прашам она што ќе те прашам, можеби ми е потребен еден“.
Погледнете го видеото:

За специјалната вечер, Кијара носеше краток фустан од Сен Лоран.

