Ниту Ријана не е имуна на модни грешки. Иако славната пејачка умее со стил да носи комбинации кои би изгледале смешно кога би ги носела друга личност, овој пат не успеа да извлече позитивни коментари со стајлингот.
Музичката ѕвезда им го привлече вниманието на минувачите и папараците во Њујорк со светлозелен краток фустан од Molly Goddard, колоритни сандали од Aquazzura и сребрена чанта од Dior.









28-годишната музичарка од Барбадос претходно беше фотографирана во лежерна комбинација со фармерски обувки од колекцијата која таа ја дизајнираше во соработка со Маноло Бланик.






Моментално Ријана прави пауза од турнејата Anti. Наскоро таа ќе допатува во Европа за да ја продолжи низата од концерти која ја започна во САД.