Ријана секогаш изненадува со нови и нови стајлинзи, комбинирање на навидум неспојливи парчиња и носење на ексцентрични креации.
Музичката ѕвезда беше фотографирана во Њујорк во необично издание со крзнена наметка во форма на срце. Креацијата е дело на модната куќа Сен Лоран и чини 12.500 евра.







Иако многу фанови ја поздравија Ријана за стилскиот експеримент, многумина упатија кон неа критики зашто носи природно крзно, поточно крзно од лисица.