Ријана е синоним за стилски експерименти. Во текот на годините, популарната пејачка има испробано најразлични фризури и стилови на облекување, а сепак останува жедна за новитети.
Ѕвездата од Барбадос блесна во Њујорк во елегантен фустан и со новата растафаријанска фризура. Облечена во црвена креација од брендот Are You Am I, Ријана прво го привлече будното фотографско око на папараците, а потоа изнуди комплименти од своите фанови.








Во изминативе неколку дена, Ријана престојуваше во Големото јаболко, каде беше фотографирана во неколку наврати.








