Натали Портман го очекува своето второ дете. 35-годишната актерка дозволи нејзиното стомаче да ја открие среќната вест на Филмскиот фестивал во Венеција.
На премиерата на својот најнов филм „Planetarium“, холивудската ѕвезда се појави во елегантна бела креација од Диор.








На црвениот тепих во прекрасниот италијански град, Портман позираше со ќерката на Џони Деп, Лили-Роуз. Двете актерки ги имаат главните улоги во филмот.








За свеченостите во изминатите денови од фестивалот, промовирајќи го филмот „Jackie“, Натали носеше широки креации од Валентино кои ѝ го сокриваа стомачето.





Портман и нејзиниот сопруг Бенџамин Милпид имаат уште едно дете – петгодишното синче Алеф.