Синди Крафорд и Ренди Гербер со своите две деца присуствуваа на доделувањето на Fashion Los Angeles Awards. На манифестацијата, Присли, 17-годишниот син на поранешниот супермодел, беше награден како нов модел кој успешно се пробива во модната индустрија.
Славното семејство насмеано и прегрнато позираше пред фоторепортерите.




Каја Гербер, која исто така ги проследи стапките на мајка си и стана модел, привлекуваше внимание во припиен бордо фустан.






