Блејк Лајвли моментално активно се занимава со промоцијата на новиот филм
36-годишната актерка присуствуваше на неколку промотивни настани во Њујорк и за секој од нив се погрижи да изгледа модерно и впечатливо.
Првиот нејзин стајлинг се состоеше од елегантен цветен фустан со отворено деколте од Вивиен Вествуд и обувки на високи потпетици со 3Д цветови во задниот дел од Кристијан Лобутин.
Потоа, Блејк се пресоблече во син фустан со разнобојни пердуви во долниот дел од брендот Dauphinette. Овој моден избор, таа го надополни со колоритни салонки.
Ѕвездата од „Gossip Girl“ го промени својот изглед облекувајќи се во кратко фустанче од Dauphinette надополнето во чантичка во форма на печурка од Џудит Либер и обувки од Кристијан Лобутин.
Во филмот снимен според романот „Ова завршува со нас“, Лајвли ја има главната женска улога – Лили Блум.
Лили е цвеќарка, која си отвора сопствен бутик за цвеќе, па Блејк се обидува во своите модни комбинации да додаде што повеќе цветни детали.