Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Модерна убавица: Блејк Лајвли во стајлинг со волуменозно здолниште за промоција на филм

Модерна убавица: Блејк Лајвли во стајлинг со волуменозно здолниште за промоција на филм

Блејк Лајвли редовно добива само пофалби од модните критичари. Славната актерка, која нема стилист и сама се грижи за својот изглед, одушеви со најновиот стајлинг.

Ѕвездата од „Gossip Girl“ шармираше во модна комбинација со краток топ и волуменозно здолниште за промоција на нов филм.

На настанот за филмот „Ова завршува со нас“, снимен според истоимениот роман на Колин Хувер, Блејк носи креации од брендот Bode и сандали од Louboutin.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли

Книгата ја раскажува приказната за Лили, штотуку дипломирана студентка која се запознава и вљубува во маж кој се вика Рајл. Додека расте нивната поврзаност, во животот на Лили се враќа Атлас Кориган – нејзината прва љубов (врска со минатото што го има оставено зад себе). Неговото повторно враќање во нејзиниот живот ќе биде закана за сè што има изградено со Рајл.

Лили и Рајл успешно ќе ја градат нивната врска сè до моментот кога Лили ќе започне да ја гледа неговата насилна страна и ќе се потсети на односот на нејзините родители.

Нејзиниот татко ја малтретирал мајка ѝ, која го криела насилството, што довело Лили да чувствува одбивност кон двајцата.

Блејк Лајвли

Трејлер:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.