Нина Бадриќ во одлично расположение го помина Божиќ.
51-годишната пејачка објави фотографии на кои зрачи со позитивна енергија, облечена во кратко жолто фустанче и бели чорапи од Гучи. Хрватската ѕвезда позираше покрај елката во својот дом и изгледаше фантастично.
„Среќа, радост, снага, заедништво, спокој, мир, веселби, љубов.... Среќен Божиќ“ – напиша Бадриќ во описот на фотографиите.
Бадриќ пред неколку дена сподели фотографии на кои блеска во бела креација и измами многу комплименти за својот изглед.
„Дали е тоа ангел кој се вика Нина“, „Кога Бог ќе одлучи некому да му подари сè“, „WOW какви нозе“ и „Нина секогаш прекрасна“ – се дел од коментарите на нејзината објава.