Нина Бадриќ изгледаше како холивудска дива на настапот во рамките на музички фестивал во Бања Лука.
51-годишната хрватска пејачка носеше гламурозен црн фустан од дизајнерката Марија Тарлаќ, кој го надополни со бисерен накит.
Славната пејачка го започна концертот изведувајќи ги своите најпознати балади, меѓу кои и „Dani i godine“, „Moje oči pune ljubavi” и „Za dobre i loše dane”, а потоа ја подигна атмосферата со „Takvi kao ti“ и „Daće nam Bog“.
Подоцна, на сцената нејзе ѝ се придружи Петар Грашо. Музичките ѕвезди го затворија Бања Лука Фест со нивниот концерт „Veče za ljubav“.
Неодамна, тие ја снимија првата заедничка песна „Nemoj“.