Нина Бадриќ имаше голем повод за славење. Хрватската пејачка го одбележа својот 50-ти роденден со голема забава на која присуствуваа бројни лица од хрватската музичка сцена.
Во ресторанот „Apetit“ во Загреб, Бадриќ блескаше во краток елегантен фустан кој е дел од невестинската колекција на брендот Mihano Momosa.
Во својот стајлинг, Нина додаде сандали од Manolo Blahnik.
Бадриќ се фотографираше со колегите Петар Грашо и Јелена Розга.