Кристи Бринкли со широка насмевка позираше на прославата по повод нејзиниот 65. роденден.
Поранешниот супермодел во краток блескав фустан славеше со најголемата ќерка Алекса, а фановите уште еднаш ја опсипаа со комплименти за изгледот.







Вчера, Кристи беше фотографирана пред студиото Build во впечатлив фустан од Burberry.



Во интервјуто за Build Series, таа зборуваше за возраста и ги советуваше жените да не се раководат од годините. „Жените предолго живееја под влијание на бројки. Имаме премногу правила околу тие бројки. 'Ох, наполни 30 години, мораш да си ја скратиш косата. Не можеш да имаш коса подолга од клучната коска'. Или 'Ох, тоа здолниште е прекратко'... Но денес, ние ги игнорираме тие бројки, затоа што сме генерација која се хранела добро и вежбала. Тие бројки не значат она што значеле. Всушност, јас ве охрабрувам да стапите во допир со вашата духовна бројка. Можеби ќе полнам 65 години биолошки, но мојот духовен број е многу понизок. Како што милувам да велам, ќе полнам 50 години, по 15-ти пат“ - рече таа.






