Луисана Лопилато непрекинато комуницира со своите фанови и континуирано споделува фотографии од својот личен живот на социјалните мрежи.
Аргентинската убавица, која кај нас се прослави со улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“, објави мал семеен албум.
На дел од фотографиите, 29-годишната ѕвезда позира со својот сопруг Мајкл Бубле, додека другите се посветени на нивните мали синчиња – Ноа и Елијас.












Љубовната приказна на Мајкл и Луисана започна во ноември 2008 година, кога познатиот пејач призна дека се заљубил на прв поглед. Една година подоцна тој ја побарал нејзината рака. Во март 2011 година тие стапија во брак.