Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Мир Божји“: Марија Шерифовиќ со порака и фотографии од детството и сегашноста го одбележа Божиќ

„Мир Божји“: Марија Шерифовиќ со порака и фотографии од детството и сегашноста го одбележа Божиќ

Марија Шерифовиќ со стара и нова фотографија го одбележа денот на Христовото раѓање.

40-годишната српска пејачка објави една фотографија од нејзиното детство и една на која позира со едногодишниот син Марио. Таа напиша порака во која сподели што значел Божиќ за неа кога била малечка, а што значи сега.

Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ

Марија се наврати на лекциите кои ги научи низ годините и напиша дека секој ден треба да се живее како да е Божиќ – смирено, храбро и со љубов.

За малата Марија, Божиќ беше ден кога вратите од домот беа отворени, а родителите секогаш тука. Ден кога подароците беа едноставни, но полни со љубов – нови пижами, меки чорапи и секој подарок со насмевка. Ден кога мајка приготвуваше храна како од соништата. Ден кога зборовите беа тивки, а кавгите непознати. Ден кога во домот владееше спокој. Ден каде единствената вистинска сила беше љубовта.

За мајката Марија, Божиќ е ден кога времето запира, ден кога не се работи. Минатиот Божиќ, Марио имаше само еден месец, а јас тивко го молев Бог сите улоги што ми ги носи животот да ги играм со љубов и мудрост. И сега, кога гледам наназад, со гордост можам да речам дека ја прифатив секоја лекција и ја совладав секоја промена посилна и помудра отколку што мислев дека ќе бидам.

Всушност, ми се чини дека најважно од сè е секој ден да се однесуваме како на денешниот ден. Да сакаме еднакво, да опростуваме и да сонуваме еднакво. Да бидеме тивки и полни со зборови. Да бидеме храбри и полни со сочувство. Тука е единствено спасот – секој ден, како денес!

Мир Божји.

Христос се роди.

За Нова година, Марија сподели фотографија со синот кој го доби со помош на сурогат-мајка во декември 2023 година.

Марија Шерифовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21342 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.