Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Милчо Манчевски и актерките Сара, Наташа и Камка елегантни на црвениот тепих во Рим каде добија силни аплаузи за филмот „Врба“

Милчо Манчевски и актерките Сара, Наташа и Камка елегантни на црвениот тепих во Рим каде добија силни аплаузи за филмот „Врба“

Синоќа, во рамките на Филмскиот фестивал во Рим се одржа светската премиера на „Врба“ во режија на Милчо Манчевски. На премиерната проекција на филмот, салата Петраси беше полна.

Предводени од Манчевски, трите актерки Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски чекореа на црвениот тепих во аудиториумот „Парко дела Музика“.

Покрај нив, на најдолгиот филмски црвен тепих во светот поминаа и продуцентот Јане Ќортошев, директорот на Агенција за филм Горјан Тозија, Министерот за култура Хусни Исмаили и Магдалена Димова, вршител на должност при Амбасадата на Македонија во Рим.

Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба

Македонските актерки, кои беа облечени во црно, го привлекоа вниманието на присутните, а беа и извикувани нивните имиња од италијански фанови.

Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба

Публиката во салата со аплауз ги дочека актерките со режисерот Манчевски. По завршувањето на филмот, неочекувано публиката стана, направи круг околу филмската екипа и гласно аплаудираше со извици: Браво!

ВИДЕО

Денеска и утре следуваат уште две фестивалски проекции. А многу наскоро филмот ќе има македонска премиера.

Тизери за филмот „Врба“

Фото: Ѓорѓи Клинчаров

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19921 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.