Во салонот на „Божиновски часовници и накит“ на улица Македонија се одржа промоција на музиката од филмот „Врба“ на Милчо Манчевски. Посетителите на салонот, како и ВИП клиентите имаа можност да добијат потпишан примерок од промотивниот компакт диск со официјалната музика на филмот.
„Среќни сме што годината ја заокружуваме со ваков настан. Врба е еден од филмовите кои ја одбележаа годинава, а ние како компанија секогаш со нетрпение ги очекуваме секое ново остварување на Милчо Манчевски. Годинава имавме можност заедно со нашите клиенти и соработници да ја споделиме взаемната радост“ - изјавија од Божиновски часовници и накит.
Музиката за филмот „Врба“ е на Кирил Џајковски и на некој начин повторно ја обединува некогашната група „Бастион“, во чиј состав беа Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Љубомир Стојисављевич како и актерката Ана Костовска, која во филмот игра споредна улога.
Покрај него како автор на дел од музиката се појавува и Игор Василевски Новоградска, а користени се и композиции на Крсте Роџевски, Драган Ѓаконовски – Шпато и групата Бастион.
Од „Божиновски часовници и накит“, потенцираа дека и наредната година ќе продолжат посветено да реализираат настани со кои ќе се обидат да го конвертираат времето и од него да созададат моменти за паметење.