Мила Кунис и Ештон Кучер ја крунисаа својата љубов со свршувачка. Славниот пар сè уште ја нема потврдено веста, но странските медиуми дознаваат од свои извори дека дијамантскиот прстен на раката на Мила е всушност свршенички прстен.
30-годишната актерка била фотографирана со голем прстен на раката додека била на шопинг со својата мајка во Лос Анџелес.
Мила и Ештон се познаваат долги години, а заедно снимија и осум сезони од хит серијата „That '70s Show“. По разделбата на Ештон и Деми Мур, веднаш се појавија гласини дека Мила е новата љубов на Кучер. На почетокот и двајцата негираа дека се во врска, но подоцна фотографиите на папараците потврдија дека тие не се само добри пријатели.
Интересен факт: Првиот бакнеж на Мила бил со Ештон и тоа пред камера за „That '70s Show“.