Мила Кунис се породи. 33-годишната актерка и Ештон Кучер станаа родители на момче. Среќната вест за холивудскиот пар ја потврдија релевантни странски медиуми.
Ѕвездите од „That ‘70s Show“ заедно имаат уште едно дете – ќеркичката Вајат Изабел.

Мила и Ештон ја добија малата Вајат во октомври 2014 година, а се венчаа на интимна церемонија во јули минатата година.
За време на бременоста, Кунис постојано беше фотографирана со трудничкото стомаче.















