Мила Кунис и Ештон Кучер ќе станат родители. Среќниот пар, кој неодамна ја круниса својата љубов со свршувачка, сè уште ја нема потврдено веста за бременоста, но странските медиуми од различни извори дознаваат дека 30-годишната актерка е бремена со првото дете.
„Двајцата се многу, многу среќни“ – изјавил близок на парот за списанието „People“.
За време на викендот, филмските ѕвезди присуствуваа на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес, каде беа „принудени“ да се бакнат откако камерата ги улови во публиката.
Мила и Ештон се познаваат долги години, а заедно снимија и осум сезони од хит серијата „That '70s Show“. Нивната врска беше потврдена во 2012 година.