Мила Кунис им приреди огромно изненадување на своите родители. Со помош на Houzz, славната актерка го реновираше станот во кој нејзините родители живеат повеќе од 20 години и создаде совршен простор за семејни веселби.
33-годишната холивудска ѕвезда го организираше разубавувањето на домот на нејзините родители Марк и Елвира Кунис додека беше бремена со второто дете.
Мајката на Кунис не успеа да ги задржи солзите кога го здогледа новото издание на станот.
Видео
Во рамките на проектот, Мила сподели фотографии од детството и потенцира дека нејзините родители работеле многу напорно за таа и нејзиниот брат да имаат добар почеток во животот.






