Ал Пачино во деветтата деценија од животот повторно заплива во родителските води со раѓањето на ЧЕТВРТОТО дете.
Легендарниот актер објави дека неговата девојка Нур Алфала се породи преку нивниот претставник за јавноста, кој соопшти: „Потврдувам дека Ал Пачино и Нур Алфала добија син, кој се вика Роман Пачино“.
83-годишниот актер и неговата 29-годишна партнерка пред два дена беа фотографирани додека се упатуваа на вечера во Вест Холивуд.
Пачино има и три други деца – 22-годишните близнаци Антон и Оливија со поранешната партнерка Беверли Дианџело и 33-годишната Џули Мари со бившата девојка Џен Тарант.
Со новородениот наследник, популарниот актер влезе на листата на најстари „нови“ татковци.