Меган Фокс и Брајан Острин Грин добија син. Убавата актерка штотуку ја објави веста на Facebook, иако се породила минатиот месец.
„Многу сме среќни што имавме мирни неколку седмици дома, но би сакала да го објавам ова јас пред да го направат другите. Го родив нашиот син Ноа Шенон Грин на 27 септември. Тој е здрав, среќен и совршен.“
„Почестени сме што имаме можност да се наречеме родители на оваа прекрасна душа и секогаш ќе му бидам благодарна на Бог што ми дозволи да го запознам овој вид на безгранична, беспрекорна љубов.“
„Ви благодарам на сите вас што сакате да ни ја испратите вашата позитивна енергија и убавите пораки. Господ нека ве благослови вас и вашите семејства“ – напиша Фокс на својот профил.
Не е чудно што Меган и Брајан го зачуваа породувањето во тајност. Тие не признаваа дека ќе станат родители сè до моментот кога големото стомаче на Меган не ги потврди гласините.
Ова е прво дете за Меган Фокс, а Брајан веќе има еден син, 10-годишниот Касиус.
„Мојот син ја обожава. Имаат прекрасна врска. Отсекогаш имала специјална поврзаност со него. Се сакаат до смрт“ – изјавил во една прилика Брајан за врската на Меган и малиот Касиус.
„Отсекогаш сум сакала деца. Бев добра бебиситерка. Отсекогаш сум сакала бебиња“ – изјавила Меган за својата љубов кон децата.