Меган Фокс и Машин Ган Кели повторно раскинаа. Овој пат се разделија само неколку недели откако објавија дека го очекуваат првото заедничко дете.
38-годишната актерка и 34-годишниот рапер беа заедно од 2020 година, но имаа турбулентна врска. Тие се верија во 2022 година, но неколку месеци подоцна, повторно ја прекинаа нивната романса.
Парот ја обнови врската во 2023 година, а потоа Меган за првпат се отвори за спонтаниот абортус кој го доживеала. „Никогаш не сум поминала низ ништо такво во животот. Беше многу тешко за двајцата и тоа нè испрати на многу диво патување, заедно и одделно... обидувајќи се да сфатиме ‘Што значи ова?’ и ‘Зошто се случи ова?’“ – изјави тогаш Меган.
Минатиот месец, Меган откри дека го очекува своето четврто дете и напиша: „Ништо не е навистина изгубено. Добредојде назад“.
Од бракот со Брајан Остин Грин, Фокс има три деца – 12-годишниот Ноа,